Торино е рај за тренери: Менаџерите на Јувентус владеат со Европа


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Од Италија дефинитивно ни стигнуваат најголемите тренерски имиња.

    Јувентус веќе со години доминира во Италија, а интересно е тоа што во клубот играа и тренери кои владеат со најдобрите 5 лиги во моментот.

    Станува збор за 3 тренери кои водат во Примера, ПЛ и Серија А.

    Зинедин Зидан играше за Јувентус од 1996 до 2001 година. Тој моментално го води Реал Мадрид, кој има 6 бодови повеќе од Барселона и Севиља.

    Антонио Конте исто така го носеше дресот на Јувентус од 1991 до 2004. Моментално е тренер на Челси кој води во ПЛ со 31 бод.

    Масимилијано Алегри никогаш не го носеше дресот на Јувентус. Тој е тренер на Јувентус од 2014 година со кој 2 пати ја освои лигата. Јуве моментално е на 1-та позиција, а го следата Милан и Рома со 4 бодови помалку.

    Масимо Карера во Торино помина 5 сезони, од 1991 до 1995. Како тренер ги водеше младите категории на Јувентус, а моментално е на клупата на Спартак Москва.