Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најуспешниот спринтер на сите времиња, Усеин Болт признава дека во последните години имал проблеми со мотивациите и дека чувствувал голем притисок, но дека и понатаму ижива во натпреварување и сака да победи.
Болт во Рио трет пат по ред освои 3 олимписки златни медали во своите дисциплини(100, 200 метри и штафета), меѓутоа подготовките за големото натпреварување не биле идеални.
„Сите обврски кои ги имав пред ОИ, дури и пред СП 2015, донесоа многу притисок и стрес.“
„Но повеќе нема притисок, многу сум опуштен и среќен што тренирам, бидејќи знам дека повеќе нема да има притисок.“
СП во Лондон 2017 година ќе биде последното големо натпреварување во неговата кариера, но таму ќе настапи само на 100 метри, бидејќи сака поефикасно да се подготви.
„Никогаш не сакам да губам. Секогаш ќе бидам подготвен, без оглед на тоа што сум опуштен, јас сум и понатаму голем натпреварувач.“