Преубава приказна: Ја победил опасната болест и се враќа во кошарката


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Исаија Остин во 2014-та година требаше да биде избор во првата рунда во НБА драфтот, но пред да му бидат откриени проблеми со здравјето, односно тој мораше да се откаже од кариерата.

    Во ноќта на драфтот тој се појави со емотивно простување. Неговата кариера ја сопре Марфановиот синдром, кој донесува до промена на очите, коските и кардиоваскуларниот систем.

    Сепак, две и пол години по откривањето на болеста, Остин доби дозвола за игра, па наскоро ќе го видиме овој талентиран центар на терените.

    „Среќен сум што можам да се вратам. Бог ме благослави и подготвен сум да го споделам моето искуство со милиони луѓе во светот. Докторите ми рекоа дека можам да играм и во истиот момент одлучив да се вратам.“

    Овој 216 см високиот кошаркар студираше на универзитетот Бејлор.