Фудбалски наркомани: Од голем успех до зависност


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Додека фудбалот како физички спорт постојано ги промовира активностите и здравиот живот на стил, парите и успех кои доаѓаат заедно со успехот на теренот за многу играчи стануваат голем товар.

    Така постојат голем број примери на уништени кариери поради нешто целосно различно од животот на еден професионален спортист – зависност за дрога. Ова се најпознатите играчи кои тргнаа по тој пат.

    Крис Армстронг

    Првиот играч во ПЛ кој падна на тест за дрога беше токму Крис Армстронг. Воедно, единствен на оваа листа кој беше позитивен на некои од „лесните дроги“, бидејќи во примерокот на овој напаѓач беше пронајден елемент на ТХЦ и така се откри неговата навика за користење канабис.

    Стан Лазаридис

    Австралијанецот играше одлично на крилните позици, најголем дел од кариерата го помина во Бирмингем Сити, а по 7 години и 191 натпревар го напушти клубот поради дрога. Кокаин беше пронајден во неговата крв и тој беше суспендиран 1 година.

    Марк Босниќ

    Уште еден Австралијанец, и тоа поранешен репрезенативец со фантастична голманска кариера позади себе во која го бранеше голот на големиот Манчестер Јунајтед, а подоцна и Челси. Во 2005 година доби суспензија на 9 месеци откако беше откриено користење на кокаин од негова страна.

    Рене Хигуита

    Еден од најголемите голмански легенди на сите времиња, Рене Хигуита во текот на кариерата живееше живот кој најдобро го отсликува неговото лудило со ризичниот потег на бранење на топката со „шкорпионски удар“.

    Два пати падна на допинг тест поради кокаин во крвта. Исто така своето криминално досие му ја уништи кариерата бидејќи тој заврши во затвор неколку месеци.

    Клаудио Каниџа

    Едно од најбрзите аргентински крила на сите времиња, Клаудио Каниџа во свое време доби 13 месеци суспензија поради користење на кокаин. Подоцна успеа да ја оживее кариерата и да продолжи успешно да игра во лигата на Шкотска.

    Адријан Муту

    Еден од најдобрите играчи кои Романија ги имаше во историјата, беше вонсериски талент кој тргна по лошиот пат и не стана голема легенда, туку стана губитник. Тој само една година по трансферот на кариерата и потпис за Челси падна на допинг-тест и тоа на кокаин.

    Веднаш беше суспендиран, а тимот од Лондон подоцна го доби судскиот процес, па Романецот беше должен да плати повеќе од 17 милиони фунти, а тоа го однесе во банкрот.

    Диего Марадона

    Најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Марадона можеше да направи многу повеќе во својата кариера и да живее како спортист. Меѓутоа, тој падна на најтешкиот испит во животот. Зависноста за кокаин не само што го донесе до 15 месечна суспензија, туку и по завршување на кариерата го однесе на прагот пред смртта.