Динамо спреми две трансфер бомби

Раководството на Динамо планира две големи враќања во своите редови, соопштија хрватските медиуми.

Загрепскиот клуб ја има една од своите послаби сезони во последните неколку години и тоа сака да го поправи во летниот преоден рок, а како звучни имиња кои би можеле да стигнат на Максимир се споменуваат Едуардо и Самир.

„Заинтересирани сме за Едуардо. Во најскоро време тоа ќе биде решено, Реализацијата на трансферот зависи од многу фактори, финансискиот аспект е еден од нив“, изјави Влак, спортскиот директор на Динамо, а на прашањето за Самир не одговори ниту со да ниту со не.

Динамо не сака да ја испушти доминацијата, имаат освоено 11 титули во низа и се спрема за бомбастични трансфери оваа сезона. Моментално на табелата Ријека има шест бода повеќе во однос на Динамо Загреб.