Џовани го откри новиот тим на Диего?

Напаѓачот на Џенова Џовани Симеоне верува дека неговиот татко диего ќе го води Интер еден ден.

Диего Симеоне во претходните години правеше чуда со Атлетико од Мадрид, а често се поврзува со преземање на Интер за кој играше во период од 1997 до 1999 година.

Неговиот син Џовани е уверен дека Диего ќе го води Интер еден ден:

„Ќе потпише за Интер еден ден. Се надевам дека тоа ќе се случи брзо. Знам дека е среќен во Атлетико, но Интер е неговата иднина“, смета Џовани.

Можеби ова е неговестување дека Симеоне може наскоро да седне на клупата на паднатиот гигант од Милано.