Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола има доста главоболки во играчкиот кадар, но ова е дополнителен проблем за Манчестер Сити.
Се поблиску е јануарскиот преоден рок, дефинитивно бројни тимови ќе купуваат и во текот на зимата, а многу премиерлигаши најавуваат засилувања во екипата.
Еден од нив може да се најде во големи проблеми, во прашање е Манчестер Сити кој се наоѓа пред големи проблеми, поради тоа што седуммина играчи не потпишаа нови доворори, а им истекуваат на лето.
По правило, тоа значи дека секој од нив може веќе во оваа зима да потпише преддоговор и да преминат во некој друг клуб по истекот на важечкиот на 30 јуни.
Најголем удар за Пеп на таа листа може да зададе Фернандињо, кој е стандарден играч од почетокот на сезоната, иако сега ќе мора да паузира три меча поради црвен картон.
Бразилецот има 31 година, беше стартер на сите 14 премиерлигашки мечеви досега и важен шраф во системот на Пеп, но сеуште чека понуда од клубот за нов договор.
Покрај Фернандињо, тука се уште резервниот голман Виљи Кабаљеро (35), потоа Бакари Сања (33), Пабло Забалета (31), Гаел Клиши (31), Јаја Туре (33) и Хесус Навас (31).
Се очекува Сања и Клиши да заминат, односно дека Пеп не смета нешто посебно на нив, како и на Јаја Туре со кој не е во најдобри односи.
Хесус Навас има солидна минутажа и сеуште не се знае што ќе биде со него, како ни со Кабаљеро.
Треба да се земе во предвид дека овие играчи имаат преку 30 години и дека може да се рече дека, со исклучок на Фернандињо сите го одиграа најдобриот дел од својата кариера, меѓутоа, сеуште може да бидат користи и добри за Манчестер Сити, како и за секој друг тим.
Во секој случај, сите овие играчи можат во јануари да потпишат преддоговор со други клубови и на лето да заминат бесплатно, Сити тука едноставно, не може ништо моментално да направи, освен да им понуди што подобри договори со цел да не заминат.