„Им благодариме на сите, но не ни треба милост“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Претседателот на Чапекоенсе, Иван Тозо, не сака милост.

Во авионската несреќа загинаа 71 лице, од кои беа 19 фудбалери на бразилскиот клуб, по што стигнаа различни понуди за помош од останатите клубови.

Сепак, Тозо се заблагодари на тоа и изјави дека на Чапе не му е потребна милост.

„Сакаме да бидеме еднакви како и сите други. Драго ни е поради поддршката од целиот свет и нашите колеги од лигата. Им се заблагодарувам на сите за помошта, но на Чапекоенсе не му треба милост.“

„Им се заблагодаривме на познатите играчи кои се нудат од едноставна причина што никогаш немавме таков профил на играчи . Во исто време, едноставно немаме пари да ги плаќаме и ќе донесуваме засилувања кои можеме да си ги дозволиме.“