Чапекоенсе – Почна нова ера, стигна командант!

Бразилскиот фудбалски клуб на кој неодамна му се случи голема трагедија, пополека тргнува кон опоравување.

После што во авионска несреќа остана без гориво речиси целиот играчки кадар и без целиот стручен штаб, управата и официјално тргна со опоравување на клубот.

Денеска е голем ден, бидејќи Чапекоенсе доби нов тренер.

За нов шеф на стручниот штаб е поставен Бразилецот Вангер Мансини, кој има големо искуство во бразилскиот фудбал.

Го водеше Паулиста во 2005 година и до трофеј во бразилскот Куп.

Работеше и во Гремио,Сантос, Васко Де Гама, Крузерио и Ботафого.

Чапекоенсе во наредната сезона ќе игра по прв пат во својата 43-годишна историја во Копа Либертадорес, а во своите редови моментално има само шест фудбалери.

Сепак, голем број на клубови ширум светот ја понудија својата помош, на Мансини е сега да ги избере вистинските играчи со кои може да направи се подобар резултат и така на најдобар можен начин да оддаде почест на настраданите фудбалери.