Витсел се сели во Лондон?

Играчот од средината на Зенит, Аксел Витсел, би можел наредната сезона да настапува во англиската Премиер лига.

Екипата на Челси очајно бара засилувања во средниот ред. Како што е извесно дека енма да го ангажираат Раџа Наингола, раководството на “Сините” вниманието го насочи кон други опции.

Прв на листата е Аксел Витсел. “Дејли Мејл” тврди дека понудата за 27 годишниот играч е спремна и дека во новата сезона би можеле да гледаме уште еден Белгиец во Премиер лигата.

Витсел веќе четири години е во Зенит, претходно настапуваше за Бенфика, а кариерата ја започна во Стандард.