Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси и Антонела Рокузо одлучија да се венчаат наредната година, а венчавката ќе се одржи во лето.
Меси и Антонела се пријатели од 1996 година, а од 2008 година се во врска и имаат две деца.
Одлучија својата врска да ја крунисаат со брак и тој е најавен за 2017-та година. Датумот и местото не се познати, но медиумите пишуваат дека тоа ќе се случи во Росарио, од каде што доаѓа парот.
Засега не се знае дали тоа ќе биде интимна венчавка или нешто спектакуларно. За тоа секако они двајца ќе одлучат.
Во моментов главно прашање е дали Роналдо ќе биде присутен на венчавката. Роналдо ја познава Антонела, се запознаа претходно на доделување на „Златна топка“, па тој најверојатно би требало да биде присутен.