„Го заменив седиштето во последни моменти…“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алан Рушел, еден од преживеаните играчи во авионската несреќа на Чапекоенсе, ја избегнал смртта во последни моменти.

Бразилскиот фудбалер доволно добро закрепна за да го продолжи лекувањето дома, а на првата конференција од несреќата, тој зборуваше дека во последен момент го сменил седиштето.

„Директорот на клубот ме замоли да се преместам напред за да седнат новинарите позади. Не сакав да се префрлам напред, но тогаш го видов Фолман и тој инсистираше да седнам покрај него.“

„Само Бог може да објасни зашто ја преживеав несреќата. Тој ми даде втора шанса.“

Во авионската несреќа преживеа и голманот Фолман кој седеше со Рушел.