Гризман ги избра двајцата најдобри голмани во Англија

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман ги избра омилените двајца голмани во ПЛ.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид даде интервју за Франс Фудбал како трет најдобар фудбалер во 2016-та година.

Помеѓу останатите, Гризман одговори на прашањето за најдобрите голмани во ПЛ.

„Не е поради тоа што Хуго Лорис е мој соиграч, туку има брзина во нозете и има рефлекси. Не спасуваше(Франција) безброј пати. Тој е супер голман. Исто така добар е и Клаудио Браво со кој играв во Сосиедад. За мене заедно со Лорис се најдобри голмани во ПЛ“, изјави Гризман.