Габигол – Од „новиот Роналдо“ до „новиот Адријано“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот во јануари најверојатно ќе биде проследен на позајмица, но  смета дека во Интер не доби прилика да се докаже…

Во интервју кое го даде за Газета, агент на Габриел Барбоса зборуваше за незадоволството на својот штитеник.

„Јас разбирам кога некој зборува дека млад играч мора да има трпение и дека мора уште да учи, но само доколку му се дава шанса да игра.

Каква порака му се испраќа ако не игра воопшто?

Ако Интер е во врвот на табелата, ако на екипата и оди, тогаш навистина немаше смисла да приговараме, но не е така. Интер е на средината на табелата и повторно ништо не се менува. Дојде до смена и на тренерот и повторно ништо.

Се сеќавам дека претседателот Тохир рече дека Интер од Габриел ќе направи најдобар играч на светот уште додека преговаравме за трансферот. Само да ве потсетам, кога стигна во Италија е пречекан на аеродромот како нов Роналдо, а тогаш за три месеци одигра вкупно 19 минути.  Депримиран е поради тоа, незадоволен е.

Побарав состанок со директорот Пјер Асусилио да ми ги презентира какви се плановите на тренерот Пиоли.

Мораме да знаеме дали Габи ќе добие шанса или да трчаме по позајмица. Клупата не е опција и не срамота да отиде на позајмица земајќи го во предвид примерот што Адријано направи во Парма, па се врати во Интер како император“, рече агентот Риберио.