Фудбалер на Јунајтед на радарот на шест тимови од ПЛ!

Неколку играчи кои не беа во плановите на Мурињо досаега, може да ги напуштат редовите на клубот од Олд Трафорд во јануари.

Еден од играчите кој не добива чесот шанса е Ешли Јанг.

Поливалентниот фудбалер, кој може да покрива позиции по страните во одбраната, во средината и нападот, одигра само осум натпревари во оваа сезона, дури половина влегуваше од клупата.

Јасно е дека кај Мурињо нема место за него, заминувањето е реална опција, судејќи по големиот интерес, веќе од јануари може да ја промени средината.

Имено, за него интерес покажаа Евертон, Свонси, Вест Бромвич, Барнли, Хал и клубот во кој ја почна кариерата, Вотфорд.

Нема сомнеж дека враќање на „Викариџ“ е голема желба на фудбалерот на Јунајтед, но кога ќе ги погледнеме финансиските можности пред се на Евертон и Вест Бромвич, не треба прерано да заклучуваме.

Било како било, заминувањето на поранешниот англиски репрезентативец е неминовно, јануари е се повеќе реално, ќе видиме за кој клуб самито фудбалер ќе одлучи.

Едно е сигурно, Ешли останува во Премиер лигата.