Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенегалскиот фудбалер Садио Мане денеска официјално стана нов член на Ливерпул.
Поранешниот играч на Саутемптон не го криеше воодушевувањето после потпишувањето на петгодишен договор со клубот од Енфилд, кој за неговите услуги платија 30 милиони фунти оштета.
„Знаев дека Ливерпул долго беше заинтересиран за мене. Имав и други понуди, но на крајот се одлучив да дојдам на Енфилд. Ливерпул е вистински клуб за мене“, рече Мане, кој се радува и на соработката со Клоп.
“Тој е одличен тренер. Ќе ми биде чест да соработувам со него. Клоп е еден од најзаслужните што сум овде, бидејќи бев негова желба“.
Садио Мане е четврто засилување на Ливерпул за наредната сезона после Марко Грујиќ, Џоел Матип и Корис Кариус.