Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Челси може да остане без првиот чувар на мрежата, а доколку тоа се случи навивачите на Сините немаат причина за страв бидејќи управата на клубот од Стенфорд Бриџ има подготвено замена.
Како што британски „Мирор“ пренесува, Џо Харт може да го наследи Тибо Куртоа на местото прв голман на фудбалскиот клуб Челси.
Харт (29) кај тренерот на Сити Пеп Гвардиола го загуби местото во првиот тим, па премина на позајмица во Торино до крајот на сезоната.
За него сериозно е заинтересиран Ливерпул, а во трката се вклучи и Челси, поради тоа што е неизвесно дали голманот Куртоа ќе остане на Стенфорд Бриџ, наведе весникот „Мирор“.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Куртоа е заинтересиран за враќање во Мадрид, каде што помина три години на позајмица во Атлетико, но дека најверојатно ќе потпише договор со Реал.
Челси така ќе остане без прв голман, па управата на клубот има неколку варијатни кога е во прашање ангажирање на замена. Една е споменатиот Харт, додека за другата читајте ТУКА
Истотака, Ливерпул го сака Харт, поради тоа што не се покажаа добро Симон Мињоле и резервистот Лорис Каријус.
Како што се наведува, Харт сака да се врати во Премиер лигата, но управата на Торино има намера да го откупи неговиот договор од Сити.