Најважната трка на Шумахер е заштитена со семејна „зaклетва на молчење“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Три години светот во Ф1 живее во неизвесност. И денес, како и тој 29 декември 2013 година е неизвесно дали најголемиот на сите времиња ќе оздрави од тешките повреди на главата кои ги доби на скијање на Алпите.

И денес, како и секој ден последните три години, најважната трка на Шумахер е заштитена со „заклетва на молчење“, а информациите не излегуваат од четири ѕидови на семејството.

„Здравствената состојба на Михаел не е јавна работа туку семејна, а таква и ќе остане.“

Тврдењата за здравствената состојба на Шумахер се менуваат од ден во ден и, зависно од изворот, тргнуваат од еуфорични најави на чуедесно оздравување до такви лоши вести. Постојат многу прашања. Дали е свесен? Дали комуницира? Дали стои на нозе? А одговорите се само шпекулации…

Вистината сеуште не е позната на јавноста, освен на тие кои се грижат за Шумахер. Од јуни 2013 кога Михаел Шумахер по 254 денови е отпуштен од болница по будење од индуцирана кома, семејството не кажува никакви детали за текот на неговата рехабилитација поради која богатството на Шумахер се намалува.

Трошоците за домашното лекување во семејната вила во Швајцарија изнесува 150.000 фунти неделно, а за да му осигураат најдобар можен третман, семејството во меѓувреме ја продаде вилата во Норвешка, а притоа и приватниот авион, како и Мерцедесот на Шумахер за 120.000 фунти.

„Мора да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е, но и да научиме да се спротиставиме на предизвиците. Ќе продолжиме да се надеваме, но и да правиме се за да направиме некој чекор напред.“

Оваа тајна предизвика непријателство на семејството кое го тужеше магазинот „Бунте“, кој објавил дека Шумахер може да направи неколку чекори со асистенција на терапевт.

„Михаел секогаш ја чувал својата приватност. Дури и за време на најголемит успеси во кариерата, секогаш се грижеше. Сакаме да ја заштитиме неговата приватност. Правно и на долг план. Свесни сме дека многумина тешко ќе го сфатат тоа, но правиме така како што сака Михаел.“

Ова е една од изјавите на Кем, која дури и легендарниот Рос Браун го натера да не кажува детали за состојбата на Шумахер и да ја демантира својата претходна изјава.

„Да, го посетувам. Се надеваме и се молиме дека еден ден ќе оздрави. Ме цитираа дека реков дека Михаел е подобро! Тоа навистина и не го мислев, бидејќи неговото семејство се грижи за него и јас морам да го почитувам тоа.“

Во меѓувреме семејството започна медиумска акција „Продолжи да се бориш“. Целта е на светот да му покажат дека Шумахер нема да се предаде.

„Ова е прв чекор на движењето кое се надеваме дека ќе направи нешто добро во иднина. Намера ни е да ја прошириме верата дека откажувањето не е опција. На овој начин се надеваме дека ќе го направиме овој страшен настан во нешто позитивно. Инцијативата се однесува на храброст, надеж и вера во самиот себеси.“

Семејството верува дека Михаел ќе доживее да го види својот син Мик како ја продолжува традицијата на патеките на Ф1.