Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул продолжи да блеска под водство на Јирген Клоп.
Фудбалерите на Ливерпул ја победија својот Енфилд екипата на Стоук со резултат 4:1 и ја продолжија низата на одлични партии под палката на Јирген Клоп.
После оваа партија, Ливерпул во оваа сезона е најефикасен во Премиер лигата со 45 постигнати голови, со најмногу различни стрелци, но и доаѓањето на Клоп во минатата сезона, статистиката е на страната на Црвените.
Имено, откако Клоп дојде во Премиер лигата, Ливерпул постигна најмногу голови од сите тимови – 100, најмногу создадени шанси, неверојатни 659, и има најмногу добиени дуели – 794.
Сепак, се ова нема да биде доволно за навивачите поради тоа што во фудбалот на крајот не смета најмногу бројот на голови, победа, дуели, создадени шанси, погодени пречи и стативи, веќе бројот на – пехари.
Ова секако е охрабрувачки податок за навивачите на Ливерпул, но ќе видиме дали тоа на крајот ќе се покаже дали тимот на Клоп е и најдобар тим на островот, но иам само најдобар колектив што се однесува до статистичките податоци.
Во овој момент, Челси е шест чекори напред, борбата продолжува, а Ливерпул ќе има тежок текст во наредното коло кога на Енфилд стигнува Манчестер Сити.
Liverpool in the Premier League since Jürgen Klopp took over:
Most goals (100)
Most chances created (659)
Most tackles won (794)Ja Ja Ja! pic.twitter.com/K8qHrMhlO1
— Squawka Football (@Squawka) December 27, 2016