Галијани го потврди трансферот на напаѓачот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани тврди дека Луиз Адриано ќе си замине во јануари.

Адриано не е во плановите на тренерот Винченцо Монтела и се разбира дека во јануари ќе го промени клубот, а најблиску е до трансфер во Спартак Москва кој нуди 25 милиони евра.

„Можам да потврдам дека трансферот на Луиз Адриано во Спартак Москва е реален“, изјави Галијани.

Масимо Карера е тренер на Спартак Москва и клубот се бори за титула во Русија, па Адриано за клубот од Москва ќе биде вистинско засилување.