Познати се кандидатите за наследниците на Венгер

Францускиот тренер, Арсен Венгер најверојатно ќе го напушти Арсенал после 20 години на клупата на овој клуб.

Раководството на клубот од Лондон бара замена за Венгер, а англискиот Сан ја откри листата на кандидати.

Неколку имиња наводно влегоа во конкуренција за негова замена, а сега најмногу се споменува тренерот на Јуветнус, Масимилијано Алегри.

Покрај него се споменува и Диего Симеоне, но можноста за негово доаѓање е мала.

Исто така, еден од фаворитите е тренерот на Борнмут, Еди Хов како и Ралф Хасенхутл, тренерот на Лајпциг.

Некои медиуми во Англија соопштија дека легендата на топчиите, Денис Беркамп би можел да биде нов тренер на клубот, но и таа можност е мала.