„Судијата Мејсон сега најверојатно знае што направи“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ постигна еврогол, но тој беше поништен.

Ибра во првиот дел во свој стил, со кунг-фу удар постигна гол во средбата против Миделсброу, но судијата Ли Мејсон го поништи, бидејќи сметаше дека тој опасно играл.

Така Ибра остана на 50 голови во 2016-та година и не успеа да го стигне Меси кој има 51 гол. Мурињо не е ниту малку среќен поради оваа одлука.

„Ли Мејсон ќе биде разочаран, бидејќи знае што направи. Го сопре еден од најдобрите играчи да биде најдобар стрелец во 2016.“

„Моите играчи беа феноменални. Успеавме да ги донесеме навивачите на терен и во последните 15 минути на теренот беше 70.000 луѓе против 11.“