На Камп Ноу доаѓа момчето кој во летото ги одби

Барселона планира дополнително да ја засили одбраната.

Нов фудбалер на шпанскиот гигант би можел да биде колумбиецот Дејвинсон Санчез кој моментално игра во Ајакс.

Барселона спреми понуда за овој 20-годишен дефанзивец кој оваа сезона игра многу добро во холандскиот гигант.

Интересно е дека овој дефанзивец го избра Ајакс пред Барселона. Се одлучи на трансфер во Холандија за да има поголема минутажа и не згреши.

Сепак, следното лето би можел да се пресели на Камп Ноу. Барселона сака да го доведе и Санчез би можеле да го гледаме во дресот на каталонскиот гигант.

Санчез во Ајакс стигна од колумбискиот гигант Атлетико Национал каде ги помина сите младински селекции.