„Не се чувствувам загрозен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со доаѓањето на Двејн Вејд, многу се очекуваше од Чикаго Булс оваа сезона. Но, наместо тоа, имаат негативен скор, а веќе се зборува за тоа дека Фред Хоиберг е пред отказ.

По поразот од Индијана, тој не можеше да ги избегне овие прашања.

„Не се чувствувам загрозен. Веројатно и 24 други тренери во лигата мора да одговараат на тоа прашање. Јас само сакам да играме кошарка и да напредуваме од вечер во вечер.“

Сепак, поранешниот плејмејкер не остана без реакција, го остави плејмејкерот Рондо на клупата и ќе видиме каква реакција ќе предизвика тоа.