Милик се радува што ќе го запознае Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот фудбалер Аркадијуш Милик рече денеска дека се радува што ќе има шанса да запознае еден од своие херои.

Фудбалерите на Полска и Португалија денеска во Марсеј го играат натпреварот од четвртфиналето на ЕП.

„Не го кријам тоа дека пробувам да учам од Роналдо. Тој е светски играч, едне од најдобрите во светот. Роналдо е пример за напорна работа. Не е само талентот важен, треба напорно да се работи, а Роналдо е одличен пример за тоа“, рече Милик.

Тој рече дека ќе биде одлично да се запознае Роналдо на теренот.

„Да играте против Роналдо ќе биде нешто посебно за мене, па така сум многу среќен. Но, нормално, јас ќе бидам фокусиран на својот тим и на себе“, додаде Милик.