Никогаш не е доста: Поранешниот играч на Милан си најде клуб бо Италија!

Алберто Џилардино ќе има уште еден клуб во својата биографија. Оваа сезона тој играше за Емполи, но многу медиуми објавија дека го раскинал договорот со нив и подготвен е за нови предизвици, а веќе е познато и каде ќе игра.

Медиумите објавија дека тој ќе го помина остатокот од сезоната во Пескара.

Овој напаѓач во својата кариера играше за Пиаченца, Верона, Парма, Милан, Фиорентина, Џенова, Болоња, Палермо и во Кина за Гуангжу.