Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кариерата ќе ја продолжи на Гудисон.
Морган Шнајдерлин отпатува во соседниот Ливерпул, денес ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор со Евертон.
Оваа вест ја потврдија и англиските медиуми, па наскоро се очекува официјална потврда.
Уште нема официјална информација за висината на трансферот, но би требало да е 25 милиони евра.
Шнајдерлин беше на мета на ВБА кој понуди 18 милиони, а го сакаше и Олимпик Марсеј.
Тој во Јунајтед стигна од Саутемптон за 35 милиони евра, но не ги оправада очекувањата и падна во втор план кај Мурињо.
Шнајдерлин ќе биде второто засилување на Евертон бидејќи пред него потпишаа со младиот напаѓач, Лукман.