„Морам да се рестартирам“

Шампионот во Светскиот куп во ски скокови Петер Превц преживува тешки моменти во кариерата.

„Само Оберсдорф одеше по мои желби, се останато беше катастрофа. Многу сум разочаран, многу ми е тешко. Но, морам да се рестартирам и да тргнам во вториот дел од сезоната како ништо да не се случило.“

Свесткиот куп продолжува во Висла, а Превц и понатаму има еден сон, да го сруши рекордот на домашен терен.