Волфсбург продолжува да купува, пристигна уште едно засилување!

Дракслер кој според многумина беше најдобриот во овој тим си замина, потпиша за ПСЖ, па сега Волфсбург се засилува.

Девет дена од преодниот рок а веќе четири играчи потпишаа за Волфсбург.

Базур од Ајакс, Мали од Маинц, Осинхем од Стајкерс Академијата, а денеска пристигна и Пол Џорџ Н’Теп од Рен. Тоа се играчите кои Волфсбург ги договори досега.

Н’Теп е крилен играч, има одиграно 2 натпревари за француската репрезентација.

Со Волфсбург потпиша договор до 2021, а колкави примања ќе зема и колкава е сумата која Волфсбург ја исплати на Рен сеуште не е познато.