Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Интер има големи планови за летниот преоден рок, а овој тим кај себе сака да го види Лионел Меси од Барселона.
Шпанските медиуми тврдат дека кинеските сопственици кои го презедоа Интер немаат намера да ги штедат парите за трансфери и на лето ќе се обидат да ја доведат најверојатно и најголемата ѕвезда.
Наводно за аргентинскиот магионичар спремија понуда која не се одбива и се надеваат дека Меси ќе прифати да се пресели во Милано.
Аргентинецот уште го нема продолжено договорот со Барселона. Актуелниот договор му важи до 2018-та година, но преговорите за продолжување се во тек.
Меси со новиот договор сака да стане најплатен фудбалер во светот. Интер тоа може да му го овозможи заблагодарувајќи на кинеските сопственици.
Ни останува да го почекаме летниот преоден рок и да видиме дали раководството на нероазурите ќе понудат пари за потенцијален трансфер.