Одлични вести за сите навивачи: Шарапова откри на кој турнир ќе се врати по суспензијата!

Марија Шарапова објави дека ќе се врати на теренот во Штутгарт, на турнир кој го спонзорира „Порше“.

„Се враќам на турнирот во Штутгарт и не можам да бидам посреќна поради тоа што ќе биде Порше купот. Тоа е еден од моите омилени турнири и не можам да дочекам повторно да ги видам своите навивачи и да се вратам на натпреварувањето.“

Шарапова беше суспендирана 15 месеци, а за овој и другите турнири ќе и биде потребна посебна покана затоа што нема ВТА ранкинг.

Турнирот во Штутгарт, Шарапова го освојуваше три пати по ред од 2012 до 2014 година. Оваа година се одржува од 22-30 април.