Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Словенија ја совладаа репрезентацијата на Ангола со 42:25 во натпревар од првото коло од СП 2017-та година кое се одржува во Франција од групата Б.
Преку Теча и Фереира, Ангола стигна до водство од 2:4 на почетокот на натпреварот. Словенците набрзина се вратија во натпреварот и направија серија од четири погодоци. Двата погодоци на Јанц и по еден на Чингесар и Мачковшек му донесоја водство на Словенија, 6:4. После десет минути игра Словенија имаше водство од 10:7. Ангола со погодоците на Куинанга и Лопез намали на 11:9. Мачковшек и Јанц погодија два погодоци во низа за водство на Словенија од 14:10. Словенците направија серија од четири погодоци за водство, 18:11. Пред крајот на првото полувреме Кавтичник со двата погодоци и Хенигман со еден зголемија на 21:12. Со погодокот на Хенигман во последната минута од првото полувреме, Словенија на полувреме имаше водство од 9 погодоци, 22:13.
Чингесар погоди на стартот на второто полувреме за прва двоцифрена предност на Словенија, 23:13. Се играше во серии во второто полувреме. Седум минути пред крајот на натпреварот словенците преку Маргуч кој постигна два погодоци и Доленец и Мачковшек стигнаа до водство од 37:22. Гаспер Маргуч се разигра во финишот на натпреварот, а во новата серија на словенците од четири погодоци тој постигна три погодоци, еден постигна Доленец, 41:23. Словенија на крајот стигна до убедлива победа од 42:25. Словенија е во групата Б заедно со Македонија, Шпанија, Исланд и Тунис.
Маргуч и Мачковшек со по 8 погодоци беа најефикасни во репрезентацијата на Словенија. Јанц постигна 6 погодоци. Кај Ангола најефикасен беше Лопес со 7 погодоци. Втор стрелец во репрезентацијата на Ангола заврши Хебо кој постигна 5 погодоци.