Лестер - Ништо од Трој Дини

Обидот на “Лисиците” да го доведат капитенот на Вотфорд во своите редови пропадна.

Понудата од 25 милиони евра беше одбиена, па напаѓачот ќе остане член на Вотфорд и во наредната сезона.

Дини потпиша и нов петгодишен договор со Вотфорд, со што беше ставена точка на сагата.

“Сакав да останам. Клубот ги разгледа сите понуди кои пристигнаа и преку разговор дојдове до заклучок дека најдобро е да останам”– изјави Дини.

Вотфорд во наредната сезона има големи амбиции, а тоа го потврдува и фактот што огромната понуда од 37.5 милиони фунти од кинески Шангај СИПГ за најдобриот стрелец на тимот минатата сезона, Одион Игало, беше одбиена.