Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Левент Хазифоглу објави дека Подолски ќе се пресели во Гуан од Кина. Меѓутоа, уште еден тим е заинтересиран да го ангажира 31-годишниот фудбалер.
Наместо во Кина, тој најверојатно ќе заигра во Јапонија.
Висел неодамна започна преговори со агентот на поранешниот фудбалер на Германија и побара контакт со управата на клубот. Сепак Хазифоглу овој пат ја отфрли можноста за трансфер.
„Подолски е наш играч и тоа ќе остане!“
Претседателот на клубот од Јапонија, Хироши Микитани предложи сума помеѓу 4 и 5 милиони долари додека Подолски ќе има плата од 8 милиони евра годишно.
Во случај на реализација на овој трансфер, Подолски ќе стане најплатен играч во Јапонија, пред Мустафа ел Кабиб и Нилтон.