Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако Џон Мекинро каже за некого дека е „црна точна“ за тенисот, тогаш тоа треба сериозно да се сфати.
Ник Кирјос изгуби од Андреас Сепи со 2:3 во 2-то коло од Австралијан Опен, но повторно е во центар на внимание. Имаше две казни, по втората изгуби поен, а настрада и рекетот, а во еден момент се караше и со публиката.
„Мене не ми пречи, мислам сите дека ја знаете мојата историја. Не ми пречи кога е некој емотивен и разбирам кога некој ќе претера и ќе направи нешто што не мисли во текот на натпреварот.“
„Но, ова е голема штета, црна точка за тенисот, пред се затоа што престанува да игра со цел капацитет кога ќе се случи нешто. Јас би се заинатил и би играл подобро. Штета, бидејќи мислам дека е најталентираниот играч во светот.“