Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот на Фиорентина, Џанкарло Антогони изјави дека нема да биде лесно да се замени Никола Калиниќ.
Тој е блиску да го напушти тимот и да премине во Тијанџин за 50 милиони евра.
„Калиниќ е важен фудбалер за Фиорентина.“
„Игра многу добро и постигна многу важни голови. Ќе биде многу лошо за нас ако го изгубиме. Јасно е дека не е лесно да го замениме, па така во клубот мора добро да се размисли за тоа.“
„Сеуште ништо не е сигурно. Има клаузула и ќе видиме што ќе се случи. Сеуште во овие моменти е играч на Фиорентина. Ако замине, играч од ист квалитет нема сигурно да дојде бидејќи тоа е многу тешко во зимскиот преоден рок.“