Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на програмата на АО се одиграа натпреварите помеѓу Надал и Зверев, како и помеѓу Баутиста и Ферер.
Надал лошо го започна натпреварот против Зверев кој успеа да направи да направи брејк уште во првиот гејм и до крајот секој беше добар на свој сет, па во првиот сет Зверев победи со 6:4.
Вториот сет беше решен повторно со 1 брејк, но овој пат од страна на Надал кој направи брејк во 4-от сет и го освои сетот со 6:3.
Третиот сет беше целосно израмнет и имаше голема борба помеѓу двата тенисери, па се играше тај-брејк во кој подобар беше Зверев со 7:5.
Потоа во 4-от сет брејк на Надал во 2-от гејм кој му беше доволен да стигне до 6:3 и израмнување на 2:2 во сетови.
Во 5-от сет беа видени 4 брејкови, 1 успеа да направи Зверев и 3 да направи Надал и така да стигне до победа со 6:2 во последниот сет.
Зверев имаше проблеми со зглобот на ногата при резултат 2:2 и тоа е можната причина за падот во неговата игра.
Во другиот натпревар Баутиста победи против Ферер со 3:1 во сетови, односно 7:5, 6:7, 7:6 и 6:4.