Комедија на НБА начин(ВИДЕО)


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сакраменто беа поразени од Чикаго со 102:99, но овој натпревар предизвика многу контроверзии.

10 секунди пред крајот на натпреварот, резултатот беше 99:99, а потоа на сцената настапија судиите на овој натпревар.

Двејн Вејд тргна кон кошот на Сакраменто, се обиде да забие, но промаши. Сепак, судиите видоа некаков контакт со ДеМаркус Казнс кој полуде по оваа одлука.

Чикаго потоа стигнаа до победата, а Казнс по натпреварот иронично изјави.

„Ја донесоа вистинската одлука. Одлично судеа вечерва и немам никакви приговори. Треба да им се даде награда за вакво судење. Не го добиваат вниманието кое го заслужуваат.“

Тој постигна 42 поени на тој натпревар.