Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одигра последниот натпревар од програмата на АО помеѓу Рафаел Надал и Милош Раониќ.
Како што се очекуваше, така и започна натпреварот. Голема борба од страна на двата тенисери, а Надал во првиот сет се покажа како подобар противник од 3-от носител на турнирот и со брејк во 7-от гејм успеа да го освои сетот со 6:4.
Вториот сет беше многу израмнет, а најголемите возбудувања се случија во 10-от гејм кога Раониќ имаше три брејк и сет топки, но не успеа да искористи ниту една поради убиствената игра на Надал кој во тај-брејкот беше подобар од Раониќ со 9:7 и така го освои и вториот сет.
Третиот сет повторно започна многу израмнето. Тенисерите успеваа да го освојуваат својот сервис се до 10-от гејм од натпреварот кога Надал успеа да направи брејк и ја искористи првата брејк топка од 3-те кои ги имаше на сервисот на Раониќ и со 6:4 успеа да го освои последниот сет и да дојде до победата.
VAMOS! #AusOpen pic.twitter.com/ePvHkhsVXU
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 25, 2017