Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стигнува директна замена за Аксел Витсел.
Додека во Санкт Петерзбург нестпрливо чекаат да стигне Бранислав Ивановиќ во соблекувалната ќе бидат побогати за едно големо, бомбастично засилување.
Замунувањето на Аксел Витсел е брзо заборавено, а 20 милиони добиени од Тијанџин ќе бидат автоматски насочени во купување на директна замена за белгискиот играч за врска.
Како што јавува руски Спорт Експрес, можеби и најинформираниот портал за вести за трансферите кога се во прашање, големата желба на Зените е првата ѕвезда на ПСВ – Дејви Пропер!
Преговорите со тимот од Ајндховен почнаа на средината на неделата, но ПСВ веќе одби понуда од 14 милиони евра за холандскиот играч за врска. Наводно, ПСВ бара дури 20 милиони евра.
Покрај тоа, во Зенит се спремни да чекаат и да пробаат да ја спуштат сумата за оштета на 18 милиони евра.
Со тоа клубот ќе добие мал простор да уплати на Челси симболична оштета за Бане Ивановиќ и така сака да ја затвори посакуваната структура.
Пропер е голема желба на тренерот Мирчеа Луческу. Јасно е зошто кога ќе се погледне неговиот учинок на теренот – девет голови и три асистенции на досегашните 29 мечеви во сите натпреварувања.
Притоа, неговата стабилност на теренот, прецизни додавања е она што на Луческу му е потребно во овој момент.