Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Мартин Кеоун е сигурен дека Венгер ќе потпише нов договор.
Французинот, кој веќе 20 години е на клупата на тимот од Лондон, ќе потпише договор во лето оваа година, но тој нема намера да се откаже од клубот.
Иако ја изгуби поддршката од навивачите, Венгер сака нов договор.
„Венгер ќе одлучи кога ќе замине од тимот. Убеден сум дека и понатаму ќе остане тренер на тимот. Не знам како ќе го прифатат тоа навивачите, но тој и понатаму ќе остане во клубот.“
Главна желба на Венгер е освојувањето на ЛШ. Сепак, до тоа ќе биде многу тешко затоа што во 1/8-финалето играат против Баерн Минхен.