Се случи и тоа – Болт конечно изгуби!

Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт конечно изгуби една трка.

Меѓутоа, таа не беше рамноправна, бидејќи противникот на стартот имаше предност од 20 метри.

Поразот од поранешниот тркач на 200 и 400 метри Џон Стефенсен, кој има сребрен медал од Сиднеј 2000 година во штафета 4 по 400 метри.

Болт за малку не стигна до победата, а со оглед на тоа во каква форма се наоѓа Болд, тешко дека некој и оваа сезона ќе биде побрз од него.