Лоши вести за навивачите – Надал и понатаму на пауза!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал нема да игра на турнирот во Ротердам наредната недела.

Одличниот Шпанец, освојувач на 14 Грен Слем титули, по препорака на лекарот се повлече од турнирот во Ротердам.

Надал на Австралијан Опен стигна до финалето каде што беше поразен од Федерер.

„Жал ми е што го најавувам моето повлекување во Ротердам. По пропуштените турнири минатата година, оваа сезона започнав добро, а особено сум задоволен со играта на АО каде стигнав до финалето. Знам дека навивачите ќе бидат разочарани, но ќе се вратам наскоро во игра.“

Турнирот од Серијата 500 во Ротердам се игра на тврда подлога, а наградниот фонт е 1.724.839 евра и титулата ја брани Мартин Клижан.