Листата на заинтересирани страни е скратена, Агуеро може да бира помеѓу 3 клубови!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Извор близок до играчот откри во што е проблемот со Гвардиола. Само три клубови се борат за неговиот потпис.

Причината не била караницата со Гвардиола или барем така тврдат луѓето блиски до напаѓачот, односно него не му одговара стилот кој го форсира Гвардиола.

„Не е вистина дека Агуеро не се труди. Ништо слично на тоа нема, едноставно барањата на тренерот се нешто што тој не може да ги исполни.“

Агуеро претходно беше критикуван дека не сака да тренира, дека не живее спортски, но Гвардиола на тоа нема замерки.

Сепак, фактот дека Жесус сега е во предност и дека на тимот не му треба скапа резерва, ќе проба да замине Агуеро.

Само три клубови наводно можат да си го дозволат трансферот од 80 милиони евра.

Еден од нив е Реал Мадрид, а Кун е желба на Перез, Мората заминува додека Зидан ќе мора да најде позиција на Агуеро заедно со Бензема.

Втор е ПСЖ, тие ги сакаат Агуеро  и Санчез, но поблиску се до Чилеанецот кој влегува во последната година од договорот.

И на крајот Интер.

„Санинг“ има пари за една голема ѕвезда, го сакаат Џејмс Родригез, но Кинезите се заинтересирани повеќе за Агуеро кој со Икарди во нападот би изгледал неверојатно.

Ќе почекаме да видиме што ќе се случи на лето, но по се изгледа дека Агуеро ја заврши својата кариера во Сити.