„Дали останувам во Јунајтед? Ништо не е сигурно“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Напаѓачот на Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ чиј договор со Јунајтед завршува на крајот на сезоната, призна дека не е сигурен дека ќе остане во клубот.

Тренерот на Јунајтед, Мурињо во минатите месеци неколку пати повтори дека нема дилема дека Ибра ќе остане и во наредната сезона.

„Моментално ништо не е сигурно. Мора да постигнам 100 голови! Опцијата за продолжување на договорот не е исполнета. Но досега ништо не е направено. Ќе почекам и ќе видам што ќе правам понатаму.“

Тој минатото лето дојде од ПСЖ и постигна 20 голови во сите натпреварувања оваа сезона.