Капка што ја прелеа чашата – исповед на Алексис , веќе се знае наредната дестинација!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чилеанецот нема намера да губи време во Арсенал.

Алексис Санчез нема да го продолжи договорот со Арсенал, што значи дека во наредното лето ќе го напушти Лондон.

Поразот од Баерн од Минхен со резултат од 5:1 беше капка која ја прелеа чашата, Санчез не верува во овој тим и сака да оди некаде каде што ќе освојува трофеи.

Како што пренесуваат англиските медиуми, желба на Санчез е да се врати во Италија, што наводно откри на своите најблиски пријатели.

Не е тајна дека Санчез е голема желба на Јувентус, но во приказната и понатака е Интер, па Чилеанецот го остава патот отворен за двата правци.

Јувентус во овој момент е привлечна дестинација, бидејќи во секоја година е главен кандидат за титула, меѓутоа, Интер планира големо летно вложување.

Значи, засега е познато дека Алексис Санчез речиси сигурно ја избра Италија како наредна дестинација, а Арсенал за неговиот трансфер ќе може да добие 40 до 50 милиони евра, на година дена пред истекот на договорот.

Санчез во Арсенал стигна во лето 2014 година од Барселона за 40 милиони евра, а договорот му истекува во јуни 2018 година.