Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот плејмејкер Дерон Вилијамс од утре ќе стане нов член на Кливленд.
Тој пред неколку денови беше отпуштен од Далас, но поради тоа што станува збор за врвен плејмејкер, не чекаше долго за нов тим.
Утре 32-годишниот играч ќе потпише за Кливленд. Па така тие ќе добијат големо заислување во борба за одбрана на титулата.
Така раководството на Кливленд му ја исполни желбата на Леброн Џејмс.
Вилијамс конечно ќе добие шанса да дојде до шампионската титула, откако не успеа да го направи тоа досега, играјќи за Јута, Бруклин и Далас.
Вилијамс во просек постигнува по 17 поени и 8 асистенции, а три пати беше одбран за Ол Стар натпреварот.