Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ник Кирјос направи голема сензација во Акапулко.
17-от играч на АТП листата го победи Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови, односно 7:6 и 7:5 и така се пласираше во ½-финале.
Во првиот сет двајцата тенисери љубоморно го чуваа својот сервис, па во тај-брејкот беше подобар Кирјос.
Многу возбудувања беа видени и во вториот сет кој го доби Кирјос со 7:5.
Кирјос во ½-финале ќе игра против Кереј кој беше подобар од бранителот на титулата Тим, со 2:0 во сетови, односо 6:1 и 7:5.
Во ½-финале се пласираше и Надал кој беше подобар од Нишиока со 7:5 и 6:3 додека Чилиќ стигна до ½-финале без борба, откако Џонсон го предаде натпреварот поради повреда.