Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот на Мекларен, Ерик Булије призна дека односите со Хонда не се баш најдобри.
Хонда веќе 3-та сезона го обезбедува тимот со мотори, а полека им се намалува трпението, затоа што Мекларен има големи проблеми и со новиот „МЦЛ 32“ болид.
„Максимално ги притиснавме, но и тие нас. Сепак, мислам дека тоа е нормално и дека тоа во формула 1 секогаш очекувате најдобро. Кога постои грешка, очекувате да биде максимално истражена.“
Сепак, и покрај очигледните проблеми, Булије напомена дека немаат намера да ја прекинат соработката со Хонда.