Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Лестер вечерва направи голем подвик и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите после победата против Севиља во реваншот со 2:0.
Јунајк на вечерашниот триумф на Лисиците беше голманот Каспер Шмајхел кој одбрани пенал пред самиот крај на мечот.
Тој порача дека ова е голем успех и честиташе на соиграчите на одличната игра.
„Ова е неверојатен успех за клубот. Беше ова многу тежок натпревар против силен тим. Знаевме дека ќе биде тешко во второто полувреме да се држи исто темпо.
Нашите играчи направија одлична работа и ги спречија да креираат шанси. Одбраните се причина поради што сум тука. Одлично е чувстовот да се помогне на тимот да напредува.
Се е работа на самодовербата. Игравме вечерва како во поголем дел од минатата сезона. Не ми е грижа кого ќе го извлечеме во четвртфиналето. Кој да биде, ќе биде многу добра екипа“, рече Шмајхел.
Да потсетиме, освен Лестер вечерва четвртфиналето го помина и италијански Јувентус.